Дон Карло го нарече најдобар во светот, ама Перез одлучи да го продаде!

12.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дон Карло го нарече најдобар во светот,  ама Перез одлучи да го продаде!
ФОТО: Real Madrid FC/X

Откако одигра 22 минути против Атлетико во полуфиналето на Суперкупот.Во врска со неговата нова повреда, шпанските медиуми објавија дека клубот одлучил да го продаде и дека сега жалат што претходно ја продолжиле соработката со него. Ферлан Менди беше донесен за 48 милиони евра од Лион во 2019 година, а во една прилика поранешниот тренер на Реал, Карло Анчелоти, рече дека тој е „најдобриот дефанзивец во светот“. Италијанецот инсистираше на продолжување на неговиот договор.
Во тоа време, Реал штотуку ја освои Лигата на шампионите, а претседателот Флорентино Перез беше убеден да му понуди нов договор, иако тој сакаше да се раздели од него. Медицинскиот персонал го предупреди Перез дека Менди е многу кревок, но сепак му беше понуден договор. Повредите продолжија да се случуваат и не престанаа оваа сезона, кога Французинот одигра само три натпревари.
Заклучокот на шпанските новинари е дека Реал Мадрид сега горчливо жали што го слушаше Анчелоти и ќе се обиде повторно да го продаде Менди. Неговиот договор е сè уште важечки до 30 јуни 2028 година.
Реал доби неколку понуди за Менди, но ниту една не беше задоволителна. Перез сака фер цена за Французинот.
Менди освои две титули во Лигата на шампионите во Мадрид и три пати беше шампион на Шпанија. Сепак, Французинот, кој игра на позицијата лев бек, дефинитивно нема иднина во познатиот клуб и сега единственото прашање е каде ќе ја продолжи кариерата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата