Договорено: Пикси наскоро на нова работа!

15.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Договорено: Пикси наскоро на нова работа!
ФОТО: FS Srbije/FB

Поранешниот селектор на српската репрезентација, Драган Стојковиќ – Пикси, е пред нов ангажман, и тоа во Кина.

Нишлијата веќе извесно време е во преговори со Шандонг Тајшан, а според информациите на кинеските медиуми, договорот е многу блиску до реализација.

Пикси веќе има искуство со работа во Кина. Непосредно пред да седне на клупата на српската репрезентација, го предводеше Гвангжу, еден од најдобрите кинески клубови.

Од друга страна, Шандонг Тајшан е добро познат клуб за српската јавност, со оглед на тоа што на неговата клупа седеле неколку поранешни селектори на Србија. Слободан Сантрач, Љубиша Тумбаковиќ и Радомир Антиќ го предводеле овој тим, а тренер на клубот бил и Ѓоко Коковиќ.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата