До среда Семењо ќе биде фудбалер на Манчестер Сити

29.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
До среда Семењо ќе биде фудбалер на Манчестер Сити
фото: Ben Jacobs @JacobsBen (X)

Манчестер Сити би можел да го комплетира трансферит на Антоан Семењо во следните два дена.

По разговорите околу структурата на клаузулата за откуп на играчот, Борнмут очекува трансферот на 25-годишниот крилен напаѓач да биде формализиран во следните 48 часа, објави новинарот Бен Џејкобс.

Самиот фудбалер веќе се договорил за условите на неговиот личен договор со „граѓаните“.

Борнмут се надева дека Семењо ќе настапи утре против Челзи, во она што се очекува да биде неговиот последен натпревар за неговиот сегашен тим.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата