Динамо Загреб ќе продаде уште еден талент во Интер

18.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Динамо Загреб ќе продаде уште еден талент во Интер
фото: The Touchline | 𝐓 (X)

Интер го следи фудбалерот на Динамо Загреб, Морис Валинчиќ со намера да го потпише во јануари, тврди новинарот Џанлука Ди Марцио.

Доколку повредениот Дензел Дамфрис не се опорави брзо, клубот е подготвен да го ангажира хрватскиот дефанзивец. Се нагласува дека „нероаѕурите“ навистина го сакаат 23-годишниот Валинчиќ, кој има тековен договор со Динамо до 2029 година.

Оваа сезона, фудбалерот одигра 11 натпревари во хрватското првенство, при што имаше една асистенција.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата