Динамо со уште еден голем трансфер, Батурина е нов играч на Комо

11.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Динамо со уште еден голем трансфер, Батурина е нов играч на Комо

Еден од најдобрите играчи на Динамо Загреб во изминатиот период, Мартин Батурина е нов играч на тимот на Комо. Летово во Загреб се случува вистинска „чистка“ кога станува збор за екипата, дел од играчите си заминуваат, а дел се продадени за сериозна сума.

Па така, Батурина е дел од втората група, која што на клубот му носи сериозни финансиски средства со своето заминување.

Батурина ќе го чини Комо 18. милиони евра, а истите може да достигнат дури и до 25. во зависност од настапите на офанзивецот во дресот на новиот клуб. Конечно, Динамо ќе добие 15% од следниот трансфер на Батурина.

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата