Дешан не им даде слободен ден на Французите пред мечот со Англија

17.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дешан не им даде слободен ден на Французите пред мечот со Англија
ФОТО:facebook.com/equipedefrance/

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, одбил да им даде слободен ден на своите играчи пред натпреварот за третото место против Англија, објави „Л’Екип“.

Играчите инсистираа на слободен ден за да си ги разјаснат мислите, но Дидие Дешан одби да се откаже од тренинзи. Селекторот на репрезентацијата, не сакајќи да го заврши турнирот со два порази, го засили својот притисок врз тимот.

Во сабота од 23 часот Франција против Англија влегува во малото финале во битка за третото место.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата