Дешамп нема да присуствува на ждрепката за ЕП 2024

2.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дешамп нема да присуствува на ждрепката за ЕП 2024

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп, нема да присуствува на денешната ждрепка во Хамбург за Европското првенство следната година.

Тој нема да се појави бидејќи се уште се опоравува од операцијата на грбот. Француската федерација во соопштението наведе дека Дешамп бил опериран на почетокот на оваа недела, откако неколку недели страдал од болки во грбот.

Наместо него, Франција на ждрепката ќе ја претставува неговиот помошник, Ги Стефан.

„Не беше лесна одлука. Секогаш е пријатен момент во кој уживам во дружењето со моите колеги, но, попаметно е да се одморам неколку дена“, рекол Дешамп.

Ждрепката за Европското првенство е закажана за денеска од 18:00 часот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата