Фудбалерите на Милан слевеа во големото градско дерби со Интер со минимални 1:0. Дербито „Дела Мадонина“, кое се одигра во рамките на 28-то коло од италијанската Серија А, не понуди којзнае каков фудбал, но им приреди радост на домашните навивачи.
„Росонерите“ го победија својот најголем ривал по вторпат оваа сезона и ја спасија сезоната, иако Интер е сериозно во предност во трка за Скудетото. Интер е на врвот на табелата со предност од 7 бода, но во трката за титулата сè уште има 30 бода во оптек.
Интер на Кристијан Киву оваа сезона е очаен на дерби дуели, бидејќи единственото дерби што го доби беше неодамнешното против Јувентус.
Первис Еступинијан беше стрелецот на победничкиот гол во 35-тата минута, по што до крајот мрежите мируваа.

