Дембеле ќе ја добие „седумката“ на Гризман во репрезентацијата на Франција

9.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дембеле ќе ја добие „седумката“ на Гризман во репрезентацијата на Франција

Ѕвездата на ПСЖ, Усман Дембеле го промени бројот на дресот за француската репрезентација. Како што пишуваат француските медиуми, Дембеле побарал по пензионирањето на Гризман од националниот тим, тој да го добие дресот со број „7“.

Крилниот напаѓач на ПСЖ во иднина ќе го носи овој дрес, со кој Антоан Гризман ги направи некои од најголемите успеси на француската репрезентација. Гризман пред неколку недели со објава на социјалните мрежи потврди дека ја завршува репрезентативната кариера.

Дембеле претходно за Франција настапуваше со број 11.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата