Тренерот на Црвена Ѕвезда од Белград, Дејан Станковиќ, ја презеде вината за поразот на својот тим од израелскиот тим Хапоел Бер Шева со 1-0 во натпревар од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите.
„Моравме да одговориме на нивната борба и агресивна игра. Ова беше особено видливо во првото полувреме, кога не можевме да ги запреме во последната третина од теренот и премногу често ги губевме дуелите и вторите топки. Одговорноста е моја, бидејќи го подготвив тимот за натпреварот и ги донесов одлуките. Идејата беше моја, но едноставно не успеавме да ја спроведеме на вистински начин“, рече Станковиќ.
Тој потенцира дека неговиот тим бил премногу нервозен, а тоа најверојатно се долѓи на големата желба за победа.
„Бевме премногу нервозни – можеби поради големата желба, а можеби и примениот гол сепак ни донесе одреден страв и конфузија. Ова треба да се подобри. Ќе извлечеме заклучоци од овој натпревар и ќе се обединиме, бидејќи нè очекува и првенствен натпревар. Штета што не успеавме да постигнеме барем еден гол тука и да се вратиме во Белград со нерешен резултат. Но, конечните заклучоци ќе ги извлечеме по реваншот. Благодарност до нашите навивачи кои нè поддржуваа до самиот крај“, додаде поранешниот српски репрезентативец.
Реваншот помеѓу Црвена Ѕвезда и Апоел ќе се одржи следниот вторник.

