Она што беше најавено, предмалку од таборот на тимот на Црвена Звезда и официјално е потврдено. Дејан Станковиќ е нов тренер на тимот, откако досегашниот стратег, Владан Милојевиќ си замина.
За Станковиќ ова е втор мандат на клупата на неговиот некогашен клуб, а и во првиот имаше одреден успех.
Тој е икона на Црвена Звезда своевремено капитен на тимот, и омилен кај милионската публика на овој клуб.

