Дефанзивецот на Сити на позајмица во Вердер

6.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дефанзивецот на Сити на позајмица во Вердер

Членот на Манчестер Сити, Иса Каборе, заминува на шеста позајмица по ред. Десниот бек до крајот на сезоната ќе игра за екипата на Вердер Бремен, која се согласи да му даде шанса на дефанзивецот кој иако има 23. години и е под договор со Сити, сеуште нема официјален настап за овој тим.

Каборе првата половина од актуелната сезона ја мина во Бенфика. За португалскиот гигант одигра седум натпревари, од кои два во Лигата на шампионите.

Манчестер Сити го ангажираше Каборе во 2020 година од белгискиот Мехелен, а потоа го врати во клубот на позајмица. Во својата кариера играше и за француски Троа и Олимпик Марсеј, како и за англиски Лутон Таун.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата