Де Брујне: Не сметам дека Сити е голем фаворит против Интер

9.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Де Брујне: Не сметам дека Сити е голем фаворит против Интер

Кевин де Брујне заедно со Ерлинг Халанд, ќе бидат најголемите адути на Пеп Гвардиола на утрешното финале во ЛШ во Истанбул.

Сити се среќава со Интер и сите сметаат дека “граѓаните“ без проблем ќе слават и ќе ја освојат “триплетата“ оваа сезона.

Дека сема нема да биде лесно говори самиот Де Брујне.

Како може да се стигне до едно финале во ЛШ а да нема доволно квалитетен тим. Интер покажа и тоа како дека екстра квалитет. Никој од нашите редовите не смета дека ќе биде лесно, според мене шансите се израмнети“ потенцира офанзивниот играч за врска на Сити.

На прашањето дали овој тим на Сити е најдобриот во историјата, тој истакна:

Јас не знам дали сме најдобар тим во историјата, но освојувањето на трофејот може да помогне во таа насока. Што се однесува до нашиот клуб јас сметам дека без разлика на исходот од утрешното финале нема да ја промени историјата“ заврши Де Брујне.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата