Даниеле Де Роси официјално е нов тренер на Џенова

6.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Даниеле Де Роси официјално е нов тренер на Џенова

Даниеле Де Роси и официјално е нов тренер на тимот на Џенова. Екипата од Серија А, која што сезонава игра очајно и има статус на последнопласиран тим на табелата се одлучи за Де Роси како лик, кому ќе му биде дадена довербата да го вади тимот од оваа ултра проблематична ситуација.

Според извештаите во Италија, Де Роси потпишал краткорочен договор до крајот на сезоната 2025/26 со опција за продолжување доколку Џенова избегне испаѓање во Серија Б.

Де Роси ќе го има дебито против Фиорентина в недела.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата