Дали повторно ВАР погреши? Дали оваа грешка го направи Сити шампион?

15.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали повторно ВАР погреши? Дали оваа грешка го направи Сити шампион?

Манчестер Сити го победи Тотенхем на гости со 0:2 и сега е на милиметри од титулата, четврта во низа. Сепак кај фановите на Арсенал гнев и бес, фудбалската јавност е во шок, како тоа да при првиот гол на Халанд не му претходеше офсајд позиција на Де Брујне. На социјачните мрежи се поставуваат линии, се кажува дека асистентот на голот бил во офсајд по додавањето на Бернардо Силва, но ВАР не сигнализираше офсајд и тоа официјално беше гол.

Дали оваа грешка на ВАР, како што се наведува, го направи Сити шампион, а Арсенал го остави без титула.

Проценете сами.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата