Интересно.На сите три попладневни меча во Премиерлигата славеа гостите. Челзи со новиот тренер Лиам Росениор како да се препороди и ја продолжи агонијата на Кристал Палас. “Сините“ како гости славеа со 1:3 кај Палас и со тоа освоија екстра значајни три бода. Естевао, Жоао Педро и Фернандез беа стрелците за Челзи за 0:3, додека Ричардс во 88.минута само го ублажи поразот.
Астон Вила на “СТ. Џејмс Парк“ како гостин славеше кај Њукасл со 0:2 и тоа со головите на Буендиа и Воткинс.
Нотингем Форест го победи Брентфорд на негов терен со 0:2. Стрелци на головите за „шумарите“ беа Игор и Авониви.

