Тимот на Челзи иако првично беше одбиен од страна на Борусија Дортмунд кога станува збор за услугите на крилниот напаѓач Џејми Гитенс, сепак, тимот од Лондон не се откажува, напротив.
По првично одбиените 35 милиони евра, сега Челзи ја подобри понудата која овојпат изнесува 50 милиони за 20 годишниот крилен напаѓач.
Гитенс е дете на Рединг, но на девет годишна возраст мина токму во Челзи. Следна негова станица беше тимот на Манчестер Сити, по што се пресели во Дортмунд во 2020 година.
ФОТО GITRENS X