Чави со ултиматум до Лапорта: Две „бомби“ на лето и една во 2025 година!

2.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чави со ултиматум до Лапорта: Две „бомби“ на лето и една во 2025 година!

Раководството на Барселона се обидува да го убеди Чави Хернандез да остане тренер и следната сезона, но тој има одредени услови за евентуално да ја промени својата одлука.

На крајот на јануари, по поразот од Виљареал, Чави објави дека си заминува на крајот на сезоната, но од клубот се уште се надеваат дека тој ќе се предомисли.

Од Шпанија ги открија клучните детали кои можат да го натераат Чави да ја промени својата одлука. Првите се засилувања.

Чави бара инвестиции и засилувања, а неговите две клучни мети се – Џошуа Кимих или Мартин Зубименди на позицијата заден играч за врска или Бернардо Силва кој би можел да покрие повеќе позиции во средниот ред и нападот. Силва наводно има клаузула според која може на лето да премине во Барселона за 50 милиони евра.

Но, тука не завршува, бидејќи Лапорта го уверува Чави дека трансферот на Ерлинг Халанд следното лето не е невозможен. Планот е Левандовски да остане уште една сезона, а потоа да го наследи Норвежанецот.

Една од клучните причини зошто Чави реши да си замине на крајот на сезоната беше токму немањето амбиција и немањето пари да го засили тимот, а сега Лапорта му нуди гаранција дека ова лето ќе мора да биде поинаку од претходниот.

Мартин Зубименди има клаузула од 60 милиони евра, Силва може да биде достапен за 50, а Кимих за помалку доколку реши да го напушти Баерн, бидејќи влегува во последната година од договорот.

Може ли Барса да го искористи ова и да го натера Чави да остане?


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата