Чави нема да го дочека јуни како тренер на Барселона, наследникот е познат?!

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чави нема да го дочека јуни како тренер на Барселона, наследникот е познат?!

По вчерашната бламажа на Барса против Гранада, беше 3:3, се чини дека страстите зовреа во таборот на каталонскиот гигант. Веќе наголемо се кажува дека тренерот Чави Ернандез нема да го дочека јуни како тренер на Барса. Велиме јуни зошто тој самиот најави дека ќе си замине.

Но сега има нови моменти, тој добил ултиматум од страна на раководството на клубот дека ако под итно нешто не се смени, на подобро, со тимот дека уште сега ќе мора да ја напушти клупата. Исто така се напоменува дека ако Барса не го мине Наполи во 1/8 финалето во ЛШ, автоматски ќе добие отказ.

Се говори дека Рафа Маркез, некогашниот дефанзивец на Барса ќе биде неговиот наследник до јуни, ако Чави добие отказ.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата