Познато е што се случуваше за време на мечот од полуфиналето во Супер Купот на Шпанија меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид кога стратегот на “Јорганџиите“, Диего Симеоне имаше “дуел“ со противничкиот играч на Реал, Винисиус.
Вриењето на јужноамериканската крв и уште еден во низата конфликти помеѓу Аргентинците и Бразилците, овој пат само вербален, започна во првото полувреме кога Симеоне му рече на Винисиус дека Флорентино ќе го исфрли од клубот, а продолжи подоцна кога Аргентинецот повторно се нафрли на бразилскиот фудбалер.
Чаби Алонсо веднаш проговори и му помогна на Винисиус да се качи на клупата, а по натпреварот шпанскиот тренер го осуди однесувањето на Диего Симеоне.
„Слушнав што му рече Симеоне на Вини и не ми се допадна. Не можеш така да зборуваш, некои работи ја преминуваат границата!“, рече Чаби Алонсо.
Што му рече Алонсо на Симеоне притоа?
Шпанските новинари прочитаа од неговите усни:
„Фокусирајте се на вашите играчи и од…!“
Реал Мадрид ќе игра во финалето на Суперкупот по победата над Атлетико (2:1) против Барселона, која беше подобра од Билбао (5:0). Натпреварот е закажан за недела во 20 часот.

