Бундеслига: Баерн реди победи, Хофенхајм го ја прегази Борусија (М)

14.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бундеслига: Баерн реди победи, Хофенхајм го ја прегази Борусија (М)
фото: FC Bayern Munich (X)

Германскиот шампион Баерн (М) ја продолжува доминацијата во Бундеслигата. Во натпреварот од 17. коло на германската елита, Баварците славеа на гостувањето кај Келн со 1:3, иако домашните први поведоа и најавија интересен тек на мечот.

„Јарците“ тргнаа добро и со голот на Маина во 41. минута успеаја да донесат голема радост за своите фанови со водството од 1:0. Гостите се чини веднаш собраа сили и до крајот на полувремето со голот на Гнабри успеаја да израмнат на 1:1. Пресвртот стигна во вториот дел кога со головите на Мин и на Карл, баерн успеа да запечати уште една победа во Бундеслигата, која им дава огромна бодовна предност пред конкурентите.

Вечерва РБ Лајпциг на домашен терен со 2:0 славеше над Фрајбург, додека Хофенхајм „се прошета“ на дуелот со Борусија (М) славејќи со 5:1. Претходно Волфсбург со 2:1 славеше доба против Ст. Паули.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата