Чаби Алонсо иако многу бргу го напушти кормилото на Реал (М), сепак ќе остане еден од најдобрите тренери на Реал Мадрид во однос на процентот на освоени натпревари. 44-годишниот стратег беше отпуштен од клубот без да одработи ниту една цела сезона.
Реал Мадрид победи на 24 од 34 натпревари под негово водство што е процент на успешност од 70,6%. Истиот процент на победи го постигна и Англичанецот Роберт Ферт, кој го водеше клубот од 1932 до 1934 година.
Само четири тренери имаа подобар резултат од Чаби со над 30 натпревари на чело на клубот, а тоа се Мануел Пелегрини (75% од победите во 48 натпревари), Жозе Мурињо (71,9% во 148), Радомир Антиќ (71% во 39) и Карло Анчелоти (70,8% во 353).
Се забележува дека Алонсо има подобар скор и од Мигел Муњоз, кој освои 14 трофеи помеѓу 1960 и 1974 година, и од Зинедин Зидан.

