Брендот на ПСЖ пропаѓа: Без Мбапе, Меси и Нејмар продажбата на дресови за десет пати е помала!

5.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брендот на ПСЖ пропаѓа: Без Мбапе, Меси и Нејмар продажбата на дресови за десет пати е помала!

До пред две години ПСЖ беше најспектакуларниот тим во светот на фудбалот. Тимот од Париз ги имаше Мбапе, Меси, Нејмар, Верати, Рамос, Икарди и уште неколку мега – ѕвезди, а сега од тие нема ниту еден.

Да, ПСЖ освн титулите во Лига 1 со Меси, Мбапе и Нејмар заедно не освои ништо друго, но затоа и тоа како продажбата на дресови и приходите од ТВ правата и се останато беа астрономски.

Сега веќе не е така. Не само што ПСЖ со Луис Енрике е далеку од спектакуларен тим, туку и во Лига 1 се мачи. Ако до пред две години обичниот фан знаеше барем 10-15 играчи на клубот, сега тоа веќе не е така. Сега ПСЖ нема ниту една мега – ѕвезда во својот тим. Тоа требаше да биде Дембеле, ама тој е далеку од најдобрите.

Токму затоа се пренесува дека продажбата на дресови е очајна, дури десет пати помала од она што беше пред две години, а приходите се помали и помали.

Ако некогаш дневно фан – шопот правел промет од 100.000 евра дневно, денеска сумата е 10.000 евра. Тоа е очајно. Е, па не е исто да купиш дрес од Мбапе, Меси или Нејмар и дрес од Коло Муани, Баркола, Шкрињар. Тоа е тоа.

Можеби затоа катарските газди сакаат да се “ослободат“ од овој клуб па најавуваат продажба на мнозинскиот дел од акциите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата