Брајтон се спаси од пораз против Вест Хем

7.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брајтон се спаси од пораз против Вест Хем

Заврши првиот од двата денешни дуели во Премиер лигата. Тимот на Брајтон на домашен терен успеа да се спаси од пораз во последните моменти од мечот против Вест Хем и на тој начин да освои злато вреден бод.

Конечните 1:1 се дело најпрво на Бовен кој што ги доведе гостите во водство во 73. минута од мечот.

Сепак, домашните успеаа да се извлечат од оваа проблематична ситуација со погодокот на Рутер во првата минута од судиското продолжение.

Брајтон е седми со 23. поени додека пак Вест Хем е 18 со само 13 поени.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата