Брајтон доведе италијански дефанзивец

17.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брајтон доведе италијански дефанзивец

Досегашниот член на тимот на Верона, Диего Копола е нов играч на тимот на Брајтон. Тој е иднината на италијанскиот фудбал, затоа што стоперот во моментов е дел од репрентацијата на ЕП до 21. година.

Тој минатата сезона ја одигра речиси цела, имаше преку триесет настапи и се прикажа во одлично светло.

Токму затоа доаѓа и трансферот во Англија, иако тој имаше понуди од доста италијански екипи.

„Диего е возбудливо дополнување на клубот. Иако е сè уште млад, тој е висок, силен и агилен и ќе ни даде вистинско физичко присуство. Тој постигна импресивен напредок во Серија А и го заработи повикот во италијанската репрезентација. Со нетрпение очекуваме да му помогнеме да се развива уште повеќе“, рече менаџерот на Брајтон, Фабијан Хирцелер.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата