Борусија (Д) е задоволна од Ковач, ќе го задржи и за следната сезона

22. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Борусија (Д) е задоволна од Ковач, ќе го задржи и за следната сезона

Тренерот на Борусија (Дортмунд), Нико Ковач, има добри шанси да остане на својата позиција и следната сезона. Раководството на клубот е задоволно од работата на хрватскиот стратег, сметајќи дека тимот повторно игра поатрактивен фудбал, па дури има и некои „спектакуларни натпревари“.

Според газдите на клибот, развојот на тимот треба да продолжи во слична насока, а плановите се Ковач да остане на кормилото. Во последниот натпревар викендов, екипата на Дортмунд ја совлада Борусија (Менхенгладбах) со 3-2 на домашен терен во Бундеслигата и моментално е на 2 бода од шестото место.

Нико Ковач беше доведен на местото на Нури Сахин, кој беше отпуштен на почетокот на сезоната.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата