„Бомба“: Виктор Осимен во Баерн Минхен?!

3.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Бомба“: Виктор Осимен во Баерн Минхен?!
ФОТО: Galatasaray/fb

Дали на повидок е фудбалски “земјотрес“? Дали на повидок е сензационален трансфер? Имено, барем според медиумите во Германија, Баерн Минхен е силно заитересиран за Виктор Осимен. Тие лансираат “бомба“, но со една мала задршка.

Имено германскиот гигант планира да го ангажира Нигериецот, но не во овој зимски преоден рок, веројатно не и во летниот туку во тој во 2027 година.

А за што станува збор?

Раководството на Баерн Минхен смета дека идеална замена за Хари Кејн би бил токму Осимен. Ако се знае дека капитенот на селекцијата на Англија кој урива рекорди во Бундеслигата веројатно ќе продолжи во Барселона, тогаш сегашниот напаѓач на Галатасарај е прв пик.

Јасно е дека во следната година некои работи може да се променат, но секако дека овој трансфер во најава од страна на германските медиуми не е нешто што не може да се оствари.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата