„Бомба“ од Минхен: Баерн тргнува по Мартинели!

22.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Бомба“ од Минхен: Баерн тргнува по Мартинели!

Не мина многу откако се лиферуваше шокантната вест дека Арсенал е подготвен да ги види понудите за Габриел Мартинели, според инсајдерските информации, Баерн Минхен веднаш реагирал. Имено раководството на германскиот гигант наводно веднаш стапило во контакт со раководството на клубот од „Емирејтс“ со цел да види на кој начин би можел да го ангажира одличниот Бразилец.

Секако дека нејасно е зошто Микел Артета се откажува од еден од своите најдобри фудбалери, а посбно напаѓач, ако се знае дека тој во минатите неколку сезони токму поради недостигот од елитни шпицови не можеше да дојде до некој трофеј.

Од друга страна јасно е дека по заминувањето на Томас Милер и Лирој Сане, Баерн Минхен ќе добие, ако се оствари овој трансфер, и тоа како елитен напаѓач.

ФОТО: ФЦ Арсенал/ФБ


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата