Бомба од Каталонија: Флик доби тинејџер кој го споредуваат со Лионел Меси

23.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бомба од Каталонија: Флик доби тинејџер кој го споредуваат со Лионел Меси

Под водство на Ханси Флик, Барселона минатата сезона освои три трофеи и јасно е дека тимот има силна основа за нови успеси во сезоната што следи.

Прво беше освоен Суперкупот на Шпанија, потоа и Купот на Кралот, а „шлаг на тортата“ беше титулата во Ла Лига, која ја одзедоа буквално „пред нос“ на својот најголем ривал – Реал Мадрид.

Барселона е еден од ретките европски гиганти кој не учествува на годинашното Светско клупско првенство, што им овозможува без притисок да се подготват за следната сезона.

Иако Каталонците веќе имаат одличен ростер, амбициите на Блауграна се високи, и тоа значи дека во овој летен преоден рок ќе се засилат со уште неколку квалитетни фудбалери.

Првото засилување веќе пристигна: голманот Гарсија доаѓа од Еспањол за сума од 25 милиони евра, со договор до летото 2031 година. Тој треба да биде прв избор меѓу стативите.

Но, тоа беше само почеток. Угледниот новинар Фабрицио Романо сега објави вистинска „трансфер бомба“: Барселона постигнала договор со младиот Руни Бардгји, 19-годишен фудбалер од Копенхаген кој настапува на десното крило.

Руни е роден во Кувајт, но уште од мали нозе живее во Шведска, за чии младински селекции настапува. И покрај своите само 19 години, веќе е стандарден во репрезентацијата У-21 на Шведска.

Бардгји се смета за еден од најталентираните фудбалери во Европа, а медиумите уште рано во неговата кариера почнаа да го споредуваат со Лионел Меси – левоног, технички моќен, со одличен преглед на играта и склоност да навлегува во средината и создава шанси.

Договорот меѓу Барса и Бардгји е веќе постигнат, а официјалната потврда се очекува на почетокот на јули, кога ќе се завршат последните административни детали.

Каталонците очигледно не ја оставаат иднината на случајност.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата