И тоа каква “бомба“ од Аргентина. По се изгледа дека Лео Меси нема намера да го продолжи договорот со Интер Мајами и дека во јануари, на шест месеци пред почетокот на СП 2026, има намера да потпише за друг клуб.
Ова денеска го пренесе новинарот на ЕСПН Аргентина, Естебан Едул:
„Лео Меси и неговото семејство во петокот ми кажаа дека размислува тие шест месеци пред Мундијалот, да игра за друг клуб.Во еден момент преговорите со Интер Мајами за продолжување на соработката одеа во посакуван правец, но сега тие се во мирување. Иксрено, првите клубови кои ми паѓаат на памет се Њуелс Олд Бојс и Барселона, барем така мене ми чини“ рече покрај другото Едул.
Ова значи, се разбира ако е вистина, дека Лео Меси, најдобриот фудбалер на сите времиња има и тоа како намера да настапи со својата Аргентина на СП 2026. Целта е одбрана на титулата освоена во Катар.