Се чини дека Мохамед Салах ги игра последните месеци во дресот на Ливерпул. Тој си заминува по девет години и треба да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, се споменува тимот на Ал-Итихад.
Управата на „Црвените“ секако дека бара замена за египетската легенда. Бројни имиња се поврзуваат со преселба на „Енфилд“, а сега има уште едно име – Бразилецот Родриго.
Одличниот напаѓач со години е во втор план во кралскиот клуб. Тој секогаш е во сенка на главните ѕвезди, а постојано се зборува за негово заминување од клубот. Тоа би можело да се случи ова лето. Ливерпул го гледа како врвна замена за Мохамед Салах и ќе се обиде да го доведе во своите редови. Покрај убава сума пари, го чека и дресот на Салах со број 11.
Трансферот на Родриго не би требало да биде голем проблем за „Црвените“. Неговата пазарна цена е 60 милиони евра, а таквите бројки се ситница за богатите англиски клубови. Бразилецот е врзан со Реал Мадрид со договор до летото 2028 година. Тој сакаше да остане во претходниот период, но бидејќи често е во втор план, нема да биде изненадување ако на крајот одлучи да го напушти Бернабеу.

