“Бомба“ од Островот! Ливерпул, според шпанската веб-страница Fichajes , има намера да го урне клупскиот рекорд. Сака да го доведе Џуд Белингем од Реал Мадрид и за него да понуди 180 милиони евра, овој трансфер би бил трет во историјата на фудбалот.
Според Трансфермаркт ова се петте најголеми трансфери:
1. Нејмар – 222 милиони евра (Барселона – ПСЖ)
2. Килијан Мбапе – 188 милиони евра (Монако – ПСЖ)
3. Усман Дембеле – 148 милиони евра (Борусија Дортмунд – Барселона)
4. Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл – Ливерпул)
5. Филипе Кутињо – 135 милиони евра (Ливерпул – Барселона)
Нема назнаки дека “кралевите“ се подготвени и за тие пари да го пуштат, ама Ливерпул сепак ќе се обиде да го донесе Белингем, еден од најдобрите фудбалери во светот.
sportmedia.mk

