Останувањето на Коди Гакпо во Ливерпул е неизвесно веќе некое време. Холанѓанецот, кој беше доведен од Јирген Клоп во зимата 2023 година за повеќе од 40.000.000 евра, игра нестабилно, иако неговата позиција на теренот минатата сезона варираше поради повредите прво на Александар Исак, а потоа и на Уго Екитике.
Тој ја започна оваа сезона на левото крило и постигна гол против Њукасл во премиерниот натпревар. Остави добар впечаток на Светското првенство, но дали е навистина играч кој може да направи разлика на континуирана основа? Во Ливерпул сметаат дека во случај на доаѓање на Бредли Баркола и потенцијално на уште едно крило, ќе отворат простор за заминување на детето од ПСВ.
Најчесто неговото име се поврзуваше со Тотенхем, со кого дури и се договори за лични услови, но од синоќа, друг клуб од Премиерлигата му затропа на вратата и тоа беше сосема неочекувано. Манчестер Сити се распрашува кај неговите агенти, но сè уште не контактирале со Ливерпул во врска со трансферот.
Тимот на Енцо Мареска деновиве се засилува за играчот од средниот ред Ајуб Буади, крилниот напаѓач Алан Елиас и потенцијално Енцо Фернандез и ќе потроши близу 300.000.000 евра за нив.
Гакпо одигра 181 натпревар за „црвените“ со 51 гол и 23 асистенции. Се верува дека тој би бил алтернатива на Ерлинг Халанд.

