Болоња ја изненади „божицата“ и обезбеди полуфинале во Купот на Италија

4.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Болоња ја изненади „божицата“ и обезбеди полуфинале во Купот на Италија

Екипата на Болоња е првиот полуфиналист во Купот на Италија откако вечерва ја совлада Аталанта со 0-1 на гостински терен. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Сантијаго Кастро во 80. минута.

Во поголемиот дел од натпреварот Аталанта се чинеше дека е тим кој ја контролира играта и создава шанси, но Болоња знаеше да се брани и да возврати во нападот. Еден вистински момент им донесе радост на гостите и место меѓу четирите најдобро.

Утре во второто четвртфинале ќе играат Милан и Рома, додека на 25 и 26 февруари ќе се одиграат и дуелите Интер – Лацио и Јувентус – Емполи.

Visited 1 times, 1 visit(s) today

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата