Бобан “отпиша“ уште на тројца играчи на Динамо!

25.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бобан “отпиша“ уште на тројца играчи на Динамо!

Навистина што се случува во Динамо Загреб? Звонимир Бобан има намера во целост да ја реконструра екипата, но се чини дека премногу се 14 играчи, барем засега, кои тој го “отпиша“, односно клубот не смета на нив во следната сезона.

На овој список се и нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми кои завршија со “модрите“ од Загреб.

Ново е тоа што клубот уште на тројца играчи им кажа дека не смета на нив, а тие тројца заедно имаат блиску 400 настапи во дресот на хрватскиот и балкански гигант.

Тоа се Петар Бочкај, Дарио Шипкиќ и Дино Периќ:

Како дел од рационализацијата на трошоците и воспоставувањето нова финансиска структура за првиот тим, Бобан верува дека нивните договори се преголеми за улогата на ротациски опции. Накратко, тие не играат доволно или доволно добро за платата што ја добиваат, веруваат во Максимир“, објави Индекс.

ФОТО: НК Динамо/ФБ


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата