Тимот на Прилеп продолжува со градење на составот за новата сезона во која ќе има супер-лигашки обврски. Тренерот Горан Кузманоски на располагање ќе има двајца ракометари кои го носеа дресот и оваа сезона.

Станува збор за левото крило Христи Бикоски и десното крило Алија Амзоски кои потпишаа двегодишен договор.

Претходно по голманот Зураб Цинцадзе и крилото Реваз Чантурија, прилепчани потпишаа договор и со со младиот и надежен прилепски ракометар, Сашко Манчески.