Бентанкур имаше среќа, ќе паузира само две недели

10.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бентанкур имаше среќа, ќе паузира само две недели

Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бентанкур ќе отсуствува во следните две недели, откако заработи потрес на мозокот на првиот натпревар од полуфиналето во Лига купот против Ливерпул кој патем неговиот тим го доби со 1:0.

Бентанкур лошо падна при обид за удар со глава, а неговите соиграчи изгледаа загрижени додека тој лежеше неподвижен на теренот. Играчот од средниот ред беше изнесен од теренот на носилки по долга лекарска интервенција и беше пренесен во болница каде сеуште се наоѓа. Сепак, уругваецот имаше доста среќа, нема далекусежни последици од инцидентот, и ќе паузира само две недели. 

„Изгледа како потрес на мозокот, но ништо повеќе од тоа. Тој ги имаше потребните тестови во болницата за да се увериме дека се е во ред“, – изјави менаџерот на Тотенхем, Енџи Постекоглу. 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата