Бекам: Навивачите на Манчестер Ј. ја загубија довербата во раководството

18.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бекам: Навивачите на Манчестер Ј. ја загубија довербата во раководството

Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам го коментираше доаѓањето на новиот косопственик на „црвените ѓаволи“, Сер Џим Ретклиф.

„Дефинитивно беше потребна промена. На клубот му требаше нов поглед на тоа како треба да се води и како треба да се носат одлуки. Ми се допаѓа Џим. Го сретнав неколку пати во текот на годините на заеднички пријатели и мислам дека тој е обожавател и одличен бизнисмен. Важно е навивачите да ја видат неговата грижа. Навивачите ја изгубија довербата во раководството со текот на годините. Но, сега, се надевам, сè ќе се промени, но ќе треба време. Ние навивачите на Јунајтед бевме прилично трпеливи во текот на годините, но сакаме да ги вратиме тие славни денови, колку побрзо, толку подобро“, изјавил Бекам.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата