Беиранванд го одбрани Иран, реми без голови против Белгија (ВИДЕО)

21.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Беиранванд го одбрани Иран, реми без голови против Белгија (ВИДЕО)
фото: DStv Uganda @DStvUganda (X)

Неверојатниот голман Беиранванд го сочува голот на Иран и донесе уште еден бод за азијците на Мундијалот. Вечерва во дуел со фаворитот Белгија, Иран ја сочува мрежата, извади 0:0 и останува во трка за место во следната рунда.

Иран имаше шанса да извојува голема победа бидејќи играше со играч повеќе во последните половина час, но сепак не можеше да стигне до гол. Видовме бројни шанси во текот на 90-те минути игра, но голманите беа навистина на висина на задачата. Ова особено може да се каже за голманот Иран Беиранванд, кој дефинитивно е играч на натпреварот со 7 фантастични интервенции.

Така, по две кола, обете селекции имаат по два бода, и јасно е дека исходот во Групата Г ќе биде еден од најнеизвесните во целата групна фаза на Светското првенство.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата