Бастони се извини: “Признавам дека погрешив и жалам, ама не заслужив смртни закани“!

17.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бастони се извини: “Признавам дека погрешив и жалам, ама не заслужив смртни закани“!
ФОТО:facebook.com/Inter

Страстите сè уште не се смириле по италијанското дерби меѓу Интер и Јувентус и црвениот картон на Калулу по заслуга на Бастони. Како што е познато, Калулу заработи втор жолт картон по инсценирањето фаул на Бастони, поради што стоперот на Интер реши денес да се појави на прес-конференција пред натпреварот против Бодо/Глимт и да се извини за својата постапка.
„Сакав да дојдам тука и да го разјаснам мојот став за тој настан, бидејќи верувам дека единствениот правилен начин е да дојдам и јавно да кажам што мислам. Почувствував контакт од Калулу и дефинитивно претерав за да „извлечам“ нешто од таа ситуација. Понатаму, сакам да се извинам за мојата реакција што следеше, беше грда и не беше човечка. Но, исто така не е во ред да бидам дефиниран од тој изолиран инцидент. Одиграв над 300 натпревари и ова е прв пат да видам толку многу лаги, толку многу лицемери. Вистина е дека јас, Бастони, направив грешки и затоа сум тука денес, но мојата сопруга и ќерка дури добија и смртни закани. Исто така, ми е жал за работите поврзани со судијата Ла Пења“, рече Бастони.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата