Барселона за Јамал подготвува договор со откупна клаузула од една милијарда

22.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барселона за Јамал подготвува договор со откупна клаузула од една милијарда

Ламин Јамал сеуште не е ниту полнолетен, а е една од главните алки во тимот на Барселона. Момчето кое сеуште има 17 години сезонава на 16 меча постигна шест голови и осум асистенции е ТОП младиот играч на целава планета.

Со самото тоа Барселона ќе се обиде со сите сили да го задржи и да му даде се што младото момче ќе посака за врз него да ја гради целата концепција во следните години.

Па така, подготува нов долгогодишен договор со кој Јамал ќе биде „бетониран“ на Ноу Камп, со откупна клаузула од една милијарда евра.

Јамал и сега има договор, што е и нормално, но истиот е со траење до 2026 година. Кога тој следното лето ќе наполни 18 години се планира да се потпише договор за кој се шпекулира дека ќе биде во траење од шест години.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата