Барселона со фантастичен пресврт до нова победа

22.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барселона со фантастичен пресврт до нова победа

Голема победа за екипата на Барселона на домашен терен. Избраниците на Ханси Флик се надминаа себеси и попладнево со конечни 3:2 го совладаа Виљареал пред своите симпатизери.

Самата победа и не би била така импресионирачка ако се знае дека гостите имаа водство од 0:2, по само седум минути игра. Бјукенен односно Оливасеји реализираа за фантастично гостинско водство.

Барса имаше ситуација да се врати резултатски колку толку уште во 23. минута но Јамал промаши удар од белата точка.

Сепак, Барса не би била тоа што е ако во вториот дел не одигра на своето препознатливо ниво и направи комплетен пресврт. Мартин и Фермин израмнија на 2:2 до 61. минута, за да потоа Наваро си постигна автогол за 3:2, поставувајќи го конечниот резултат.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата