Барселона ќе го плаќа Меси до 2025 година

11.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барселона ќе го плаќа Меси до 2025 година

Барселона ќе го исплати Лионел Меси дури во 2025 година. „Мундо Депортиво“ пренесува дека Каталонците продолжуваат да го исплаќаат капитенот на аргентинската репрезентација, како и со Серхи Бускетс и Жорди Алба. Клубот има заостанати плати, чија исплата беше одложена за време на пандемијата на коронавирус.

Вкупниот износ на долгот беше вклучен во известувањето за финансиската 2020/21 година, а тоа не влијае на условите за работа на Барселона во тековната година. До крајот на оваа сезона долгот ќе биде целосно исплатен.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата