Барселона ја одреди цената по која ќе го продава Балде

3.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барселона ја одреди цената по која ќе го продава Балде
фото: Blaugrana Xtra @BlaugranaXtra_ (X)

Барселона е подготвена да го продаде левиот бек Алекс Балде во зимскиот преоден рок, доколку за него пристигне понуда од најмалку 40 милиони евра.

Според информациите на „Диарио Спорт“, каталонскиот клуб претпочита директен трансфер во јануари, но не ја исклучува ниту опцијата за позајмица со задолжителен откуп.

23-годишниот Балде сезонава има ограничена минутажа и досега настапил на само четири натпревари, без ниту еднаш да биде стартер. Тој ја загуби позицијата во конкуренција на Жоао Кансело и Хави Еспарт.

За неговите услуги интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Челзи, додека ситуацијата ја следат и Ливерпул и Манчестер Сити.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата