Барселона го официјализираше хрватскиот голман

27.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барселона го официјализираше хрватскиот голман
Фото: ФК Барселона Х

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување. Голманот потпиша за четири сезони, а договорот со Фенербахче вреди два милиони евра плус половина милион бонуси. Договорот на играчот е до јуни 2030 година.

„Сонот е да бидам тука и да потпишам со Барса. Се гледаме наскоро, да живее Барса!“, рече голманот.

Хрватскиот интернационалец има богата кариера зад себе. Тој има одиграно 310 натпревари за Динамо Загреб, 108 за НК Загреб и 74 за Фенербахче. Беше дел и од Џирона, каде што помина неколку месеци на позајмица во сезоната 25/26, но не запиша ниту еден натпревар за тимот од „Монтилви“. Намерата на Барселона е Ливаковиќ да биде втор голман во шемата на Ханси Флик.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата