Барса сака да потпише со Аморим пред Ливерпул да почне да преговара со него

2.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барса сака да потпише со Аморим пред Ливерпул да почне да преговара со него

Барселона се надева дека ќе постигне договор со тренерот на Спортинг (Л), Рубен Аморим, прфед Ливерпул да ги отвори преговорите со него.

Според „Индепендент“, Каталонците се обидуваат брзо да добијат согласност од главниот тренер на Спортинг поради фактот што за него се повеќе се интересираат и други врвни клубови.

Се тврди дека Барса важеше за фаворит за Аморим се додека Чаби Алонсо не ја објави својата намера да остане во Баер Леверкузе . Одлуката на Шпанецот доведе до тоа тимовите кои се надеваа на него, сега брзо да почнат преговори со други тренери, меѓу кои и Аморим.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата