Иако обемното реновирање на „Спотифај Камп Ноу“ сè уште не е завршено, Барселона веќе смело гледа кон иднината. Каталонскиот гигант фицијално ја објави својата кандидатура за домаќин на финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2028-2029 на нивниот иконски стадион. Целосното реновирање на нииот “Камп Ноу“ кое беше одложувано неколку пати во последните години, се очекува да биде завршено околу 2027 година.
Веста беше потврдена со официјално соопштение од клубот, во кое се истакнуваат заедничките напори со локалните власти за спроведување на овој престижен проект. Ова е јасен знак за довербата на раководството дека новиот стадион ќе ги исполни највисоките стандарди на УЕФА за домаќинство на настани од ваков калибар. Барселона официјално ја изразува својата желба да учествува, заедно со Градскиот совет на Барселона и Каталонската влада, во почетниот процес на аплицирање за организирање на финалето на Лигата на шампионите во 2029 година. Градот Барселона е предложен за домаќин, а „Спотифај Камп Ноу“ како стадион, во исчекување на соодветното одобрение од УЕФА.
„Апликацијата е поддржана од Кралската шпанска фудбалска федерација (RFEF) во нејзината улога како домаќин и коорганизатор“, се вели во соопштението на каталонскиот клуб. По официјалното изразување на интерес, апликацијата на Барселона ќе мора да помине низ процесот на евалуација на УЕФА. Седиштето на европскиот фудбал ќе ги испита сите аспекти на предлогот пред да донесе конечна одлука. Успехот на апликацијата зависи од навременото завршување на стадионот и исполнувањето на сите барања.
ℹ️ Bid submitted to host the 2029 Champions League final at Spotify Camp Nou https://t.co/LE8vruxgdB
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 3, 2026

