Барса го освои трофејот “Хоан Гампер“, Родри претставен на “Камп Ноу“, а еве зошто Кансело се налути!(ФОТО+ВИДЕО)

19.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барса го освои трофејот “Хоан Гампер“, Родри претставен на “Камп Ноу“, а еве зошто Кансело се налути!(ФОТО+ВИДЕО)
ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/

И тоа како вечерва беше интересно на “Камп Ноу“. Имаше од се по нешто. Имено Барселона го освои трофејот “Хоан Гампе“, во меч кој се игра по традиција пред стартот на секоја сезона. Каталонската гордост вечерва славеше против Ал Ахли, тим од Египет, со 2:1. Стрелци на головите за Барса беа Абделкарим и Рафиња.

Сепак поинтересно беше пред почетокот на мечот. Имено на гледачите на “Камш Ноу“ и секако на фановите на Барса им беше претставен Родри како мега – засилување. Исто така интересно е дека сите фудбалери на Барса добија овации, посебно Родри, само Де Јонг доби свирежи. 

Ама најинтересно беше при претставување на останатите нови имиња, а тоа беше причина Кансело да се налути и да се врати во соблекувалната. Имено тој беше подготвен да искочи на теренот, на него беше и дресот, но не му беше дозволено од причина што тој не е официјално потпишан.

Се чини голем кикс на раководството на Барса, да не кажеме аматерски потег на еден од најголемите клубови воп светот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата