Голем, огромен бод за тимот на Барнли од гостувањето кај Ливерпул. Наместо рутиснка победа на домаќинот, откако Вирц погоди за водство во 42. минута, гостите преку Едвардс израмнија во 65. минута и резултатот остана непроменет.
Можеби се ќе беше поинаку на овој меч, доколку Собозлаи го реализираше пеналот во 32. минута, но сега е веќе доцна. Барнли во второто полувреме одигра сосема легитимно, борбено, и издржа што се вели до самиот крај. Луверпул веќе четири кола нема победа во Премиер лигата.
Од друга страна пак, тимот на Челзи со головите на Жоао Педро во првиот дел, и Палмер во продолжението успеа да слави со 2:0 против тимот на Брендфорд.
Лидс минимално со 1:0 го совлада Фулам, а Сандерленд со 2:1 беше подобар од Кристал Палас.
Тотенхем направи уште еден кикс сезонава со домашниот пораз од 1:2 против Вест Хем

