Баерн Минхен тргнува по ѕвездата на Ливерпул!

27.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн Минхен тргнува по ѕвездата на Ливерпул!

Како и секогаш, така и сега, кога станува за Баерн Минхен. Секогаш “баварците“ имаат и план Ц, се разбира ако не успејат со планот А или планот Б.

Сега веќе јасно им е на сите дека Нико Вилијамс остана само пуста желба за германскиот гигант, трансферот на Џејми Гитенс од Борусија Дортмунд како да “закочи“, па сега, барем според “Билд“, раководството на германскиот шампион го пикира Коди Гакпо, еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул и член на репрезентацијата на Холандија.

Дали ова е остварливо сепак ќе зависи од стратегот на „Редси“, Арне Слот како и од самиот фудбалер.

Јасно е дека за него Ливерпул би барал голема сума на пари како отштета, но во некоја разумна граница Баерн Минхен е подготвен да ја исплати.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата